Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Поради тоа логично е што неговиот автограм вреди повеќе од потписите на останатите играчи.
Компанијата „Goldin Auctions“, на аукција го стави првиот потпис на Меси од 1995 година. Станува збор за неговиот потпис на членската книшка на Њуелс Олд Бојс.
Аукцијата започна со цена од 10.000 долари. Еден клиент веќе понудил 36.000 долари. Се очекува цената да расте бидејќи аукцијата ќе трае до 23.октомври.