Top Sport

На Црвена звезда и бил понуден играч од 50 милиони евра

Црвена звезда била на чекор да донесе спектакуларно засилување, играч за кого Џиангсу Сунинг во 2016 година на Шахтјор му плати 50 милиони евра.

Станува збор за Бразилецот Алекс Тешеира од чии услуги Кинезите сакаат да се ослободат за да можат да ангажираат нов странец.

„Дали би сакале во пролетниот дел од сезоната во тимот да го имате Алекс Тешеира?“, ова прашање неименуван менаџер им го поставил на челниците на Црвена звезда.

Челниците на лидерот во српското првенство биле шокирани, а потоа следувало објаснувањето дека Кинезите сигурно ќе го испратат Тешеира на едногодишна позајмица и дека и во тој период Бразилецот би се наоѓал на платниот список на Сунинг.

Од Црвена звезда покажале интерес, Сунинг немал ништи против да го испрати играчот во Белград, но Тешеира одбил.

Човекот кој за шест години во Шахтјор постигна 67 гола, неодамна стана татко и од Кинезите побарал да му најдат клуб во родниот Бразил.

Само поради тоа пропаднала спектакуларната позајмица.

Scroll to Top