Top Sport

На „дефанзивниот“ експерт Пуел му се допаѓа филозофијата на Гвардиола

Менаџерот на Лестер сити, Клод Пуел, францускиот стручњак кој е познат по својот дефанзивен стил на фудбал, вели дека е инспириран од фудбалската филозофија на Пеп Гвардиола, еден од најнапаѓачки ориентираните менаџери на светот.

Пуел имаше одличен старт на новото работно место, победувајќи во четири од седумте натпревари со „Лисиците“, и вели дека ја моделира играта на поранешните англиски шампиони по стилот на Гвардиола.

„Ми се допаѓа филозофијата на Гвардиола – да напаѓаш заедно и да се браниш заедно. Можеме да забележиме дека неговиот тим секогаш има одлична работна етика – топката се враќа на теренот, секогаш се врши пресинг и по добиениот посед на топката треба да се најде простор за да се креираат шанси“, вели Пуел.

Кога Пуел го презеде Лестер од Крег Шекспир во октомври, тимот беше на 14. место на табелата со еден поен над зоната за испаѓање – оттогаш тие имаат 11 гола во седум натпревари и се на осмото место.

Следен тим за Лестер се Саутемптон, каде што Пуел беше една година, но го загуби работното место иако беше осми на табелата.

Пуел својата играчка кариера ја помина во Монако, каде што имаше шанси да работи под уште еден пропонент на напаѓачкиот фудбал – Арсен Венгер.

„Арсен секогаш бил важна личност за мене. Тој ги сака технички поткованите играчи и секогаш има професионален однос и е смирен. Тоа е многу важно за менаџерите“, додава Пуел.

Scroll to Top