Top Sport

На Дембеле не му е гајле дали Нејмар ќе дојде во Барселона

И покрај шпекулациите во шпанските медиуми дека пристигнувањето на Нејмар на „Ноу Камп“ ќе значи дека Усман Дембеле ќе мора да бара нов клуб, на францускиот репрезентативец „не му е гајле“ дали ќе треба да се бори за место во тимот, вели неговиот агент Муса Сисоко.

Нејмар останува мета број 1 за Каталонците и покрај тоа што ги донесоа Френки де Јонг, Антоан Гризман и Хуниор Фирпо, а во исто време Дембеле се повреди на првиот меч од сезоната, во уште еден малерозен момент за Французинот. Неговиот агент, Муса Сисоко вели дека нема грижи во умот на младиот Французин.

„Усман не се чувствува под закана. Кога ќе играте во Барселона, нормално е да има конкуренција. Дали тоа е Нејмар или некој друг, нему воопшто не му е гајле, тој си ја гледа својата повреда. Ова лето добивме понуди од повеќе големи клубови, но јасно им порачавме дека не заминуваме и дека сакаме да успееме во Барселона. Вратата е затворена за Пари Сен-Жермен и другите заинтересирани клубови“, вели Сисоко.

Scroll to Top