На денешен ден пред точно 20 години, Габриел Батистута го постигна најпознатиот гол во Британија, неговата „ракета“ од 25 метри против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.
Откако успеа со Фиорентина да се квалификува во Лигата на шампионите во сезоната 1999/2000, британската публика конечно успеа да го види популарниот Батигол во акција. Со тимот предводен од Џовани Трапатони, Фиорентина беа во група со Арсенал и Барселона, и Батигол не разочара против „топчиите“ за Виола да освои поен и да го елиминира лондонскиот клуб.
Во втората групна фаза, Фиорентина беа со Манчестер јунајтед, Бордо и Валенсија и во Фиренца, италијанскиот клуб стигна до 2:0 победа, по што имаше реми со Бордо и победа над Валенсија. Во петтото коло, на „Олд Трафорд“ по само 16. минути, Батистута доби топка од Анџело ди Ливио и успеа да го совлада Марк Боснич со фантастичен удар.
Сепак, голот на Батистута не беше доволен – Јунајтед стигна до 3:1 победа, и 3:3 ремито со Бордо значеше крај на европската авантура со Виола. Следното лето тој замина за Рома.