Дерби каунти ќе бидат казнети со 100.000 фунти поради прекршување на финансиските правила на Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) по одлуката на независната комисија, а исто така им се заканува и одземање на поени, со што ретроактивно ќе бидат исфрлени од втората лига, Чемпионпип.
ЕФЛ потврди дека тимот каде што менаџер е легендарниот Вејн Руни, има „условен“ календар за следната сезона, кој зависи од тоа дали ќе играат во Чемпионшип или во Лига 1 (третата лига).
Дерби тврди дека лигата легално не смее да одзема поени за шампионат кој е завршен, откако тимот на Вејн Руни се спаси од испаѓање во последното коло од Чемпионшип. Доколку им бидат одземени поени, тие ќе бидат исфрлени од лигата, а Вајкомб вандерерс, кои завршија на 19. место во лигата со 22 клуба ќе бидат вратени во Чемпионшип.