Top Sport

На Диего Симеоне не му пречи што Регуилон играл за Реал

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги отфрли стравувањата дека ќе се случи бунт на навивачите на клубот доколку се реализира најавеното пристигнување на Серхио Регуилон од Тотенхем како замена за Ренан Лоди, поради тоа што Регуилон е поранешен играч на лутите градски ривали, Реал Мадрид.

Претходно, ова лето, навивачите на „рохибланкос“ луто реагираа на шпекулациите кои го поврзуваа Кристијано Роналдо со потенцијален трансфер во Атлетико, секако, поради неговата долгогодишна поврзаност со „кралевите“.

„Клубот работи за да се компензира заминувањето на Лоди, ќе видиме што ќе се случи овие четири забавни денови. Не е проблем ако некој играл за Реал Мадрид. Хуанфран помина низ Реал Мадри, исто како и Фелипе Луис, а сега се дел од историјата на овој клуб. Алваро Мората исто така игра фантастично, Љоренте ги уништи… Јас ги гледам само како фудбалери“, вели Симеоне.

Scroll to Top