Тренерот на Пари Сен-Жермен, Унаи Емери луто реагираше на новите прашања околу иднината на Нејмар во францускиот клуб, велејќи дека сите прашања треба да бидат упатени кон претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи оваа недела отпатува за Бразил за средба со Нејмар и неговиот татко и агент Нејмар Сениор, кој порача дека неговиот син не заминува од Париз. Сепак, шпанските медиуми тврдат дека Нејмар Сениор веќе се имал претходно сретнато со Перез на состанок на кој се планирал трансферот на најскапиот фудбалер на светот, за кој ПСЖ минатото лето плати неверојатни 222 милиони евра.
На прес-конференцијата пред гостувањето во Ница во Лига 1 во недела, Емери беше лут кога повторно беше запрашан за иднината на Нејмар.
„Мислам дека ова прашање го одговорив најмалку 30 пати на овие прес-конференции. Проектот на ПСЖ е многу силен, посебно со Нејмар во него. За Реал Мадрид? Прашајте го Флорентино“, објасни Емери.
Фото: ЕПА