Top Sport

На фудбалер на Реал Мадрид му се заканува затвор во Парагвај

Напаѓачот на Реал Мадрид, Серхио Дијаз се соочува со затворска казна откако беше фатен како дел од рација во една куќа на негов пријател и соиграч во Парагвај.

22-годишниот Дијаз, кој е на позајмица во парагвајскиот тим Серо Портењо, беше пронајден во домот на неговиот соиграч Себастијан Фереира откако јавната обвинителка Лаура Ромеро даде наредба за претрес откако од март соседите ги пријавиле за чести забави. Фереира и уште еден фудбалер, Ренато Менсија се меѓу петте обвинети за прекршување на правилата за изолација.

Дијаз е фудбалер на Реал Мадрид од 2016 година по трансферот од Серо Портењо, по што беше дел од Реал Мадрид Б, но уште нема деби за сениорскиот тим. 22-годишниот Дијаз играше за Луго во 2017/18 и Коринтијанс во 2018/19 пред оваа сезона да се врати во Серо Портењо. Тој има и еден настап за парагвајската репрезентација.

Scroll to Top