Интер се обидуваат да го комплетираат трансферот на Хоакин Кореа од Лацио во следните 48 часа, нудејќи 30 милиони евра на римскиот клуб, понуда која ако биде одбиена ќе се бара друго решение.
Актуелните италијански шампиони веќе потпишаа со Един Џеко како замена за Ромелу Лукаку, но Симоне Инзаги сака уште еден напаѓач на „Меаца“ и Кореа е главната цел, бидејќи добро го познава фудбалерот од времето кога беше тренер на римскиот клуб. Сепак, Лацио не сака да попушти од сумата од 40 милиони евра за 27-годишниот Аргентинец, кој исто така беше поврзуван со Арсенал.
Кореа беше целосно изоставен од тимот на Лацио за првиот меч против Емполи, а самиот тренер Маурицио Сари призна дека тој сака да замине. Бидејќи има само уште една недела до крајот на преодниот рок, на „нераѕурите“ им се брза.
L'#Inter accelera per #Correa: 24-48 ore per chiudere#SkySport #SkyCalciomercato https://t.co/f19TIlw7qg
— skysport (@SkySport) August 23, 2021