Top Sport

На интернет се појави распоредот за првото коло во Премиер лигата

Премиер лигата на Англија утре официјално ќе го објави распоредот на натпревари за наредната сезона 2019/2020, меѓутоа на „Твитер“ денес се појави фотографија која ги открива двојките за првото коло.

Според она што се забележува на фотографијата новата сезона ќе ја отворат на 10 август Тотенхем и новиот премиерлигаш Норич. овој меч ќе започне во 13.30 часот, а истиот ден од 16 часот ќе играат: Бормут-Шефилд Јунајтед, Кристал Палас-Арсенал, Евертон-Њукасл, Саутемптон-Челси и Вотфорд-Вест Хем.

Саботната програма од 18.30 ќе ја затворат Барнли и Ливерпул.

В недела Астон Вила ќе го пречека Лестер, а Манчестер Јунајтед ќе игра против Брфајтон.

Првото коло в понеделник на 12 август ќе го затворат Вулверхемптон и шампионот Манчестер сити.

https://twitter.com/FBLNEWS1/status/1138707827386671104

Scroll to Top