Манчестер Јунајтед синоќа доживеаја тежок пораз од градските ривали Сити, во првиот полу-финален натпревар во ФА купот.
„Граѓаните“ на теренот на противникот победија со 3:1, а прашањето околу победникот го решија во првото полувреме кога ги постигнаа головите.
Бернардо Силва, Ријад Марез и Андреас Переира со авто-гол, обезбедија предност за Сити 3.0 во 39 минута.
Она што им се случи синоќа на фудбалерите на Манчестер Јунајтед не им се случило 23 години. Последен пат три гола на домашен терен во првото полувреме примиле во мај 1997 гоина од Мидлзброу.