Top Sport

На Каљари им избега првата победа во новата сезона во 92. минута

Каљари на Валтер Мацари и по седум кола во италијанската Серија А останува без победа, откако во дуел на две екипи на кои очајно им се потребни бодови, примија гол во 92. минута за 1:1 реми со Венеција.

Каљари дојде во водство преку новото засилување Кеита Балде во 19. минута, што беше негов 40. гол во Серија А, за да стане најдобриот сенегалски стрелец во историјата за италијанската лига, поминувајќи го Кума Бабакар. Меѓутоа, кога изгледаше дека поените остануваат на Сардинија, Американецот Џанлука Бусио го постигна првиот гол во Серија А за поен за гостите.

Венеција е над зоната за испаѓање на 17. место со пет поени, додека Каљари остануваат претпоследни со само 3 поени и само Салернитана со 1 поен е ад нив.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top