Top Sport

На Лукаку му беа потребни 15 минути да го „начне“ Арсенал

Ромелу Лукаку има совршено враќање во дресот на Челси, откако по само 15 минути игра го постигна својот прв гол по враќањето во Лондон, и тоа против лутите ривали Арсенал.

Томас Тухел реши да му даде шанса на Лукаку, за кого платија 115 милиони евра да го донесат од Интер, да биде стартер за „сините“, и во 15. минута по една убава акција на граница на офсајд на Челси, ја затресе мрежата на Лено.

Scroll to Top