Ријад Марез се врати на тренинзите на Лестер и може да настапи во дуелот со Манчестер сити, откако Алжирецот се налути на својот тим што не му дозволи да направи трансфер токму во англиските лидери.
Марез, најдобриот играч во Премиер лигата во 2016 година, во вторникот го напушти лут тимот по пропаѓањето на трансферот во Сити, за кој Лестер тврдат дека би се реализирал доколку Сити ги дадеа потребните 80 милиони фунти, додека „Граѓаните“ нудеа 50 милиони фунти и младиот Патрик Робертс.
По ова се тврдеше дека Марез е во депресија и дека не е подготвен да игра, по што пропушти два натпревари на Лестер, но во петокот се врати во „строј“ и би требало да биде дел од тимот за саботната пресметка со Сити. Сепак, конечната одлука ќе ја донесе тренерот на Лестер, Клод Пуел.