Top Sport

На Обамејанг му е жал што Арсенал не играат во ЛШ

Пјер-Емерик Обамејанг признава дека е тажен што неговиот поранешен клуб Арсенал не се пласираше во Лигата на шампионите, со што нема да може да игра против нив во елитното европско натпреварување.

Габонскиот напаѓач си замина од „Емирати“ во Барселона во јануари, беше едно од клучните засилувања на каталонскиот клуб, откако претходно имаше 92 гола во 163 настапи за клубот од северен Лондон.

„Навистина многу блиску до Лигата на шампионите. Мислам дека имаа многу подобрувања и малку сум тажен бидејќи сакав да ги следам во ЛШ. Имам многу пријатели во Арсенал и можам само да им посакам најдобра среќа следната сезона. Се надевам дека ќе стигнат до титулт од Лига Европа“, вели Обамејанг.

Scroll to Top