Top Sport

На Осимен му требаа 6 плочки и 18 навртки за да се „стабилизира“ лицето

Италијанскиот хирург, Џанпаоло Тартаро, кој го оперираше напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен по неговата фрактура на лицето, открива дека нигерискиот фудбалер морал да добие „6 плочки и 18 навртки“ во лицето за да се поправи „катастрофалната“ штета.

Осимен беше повреден по случаниот удар со глави со дефанзивецот на Интер, Милан Шкринијар, и веднаш се познаваше дека повредата е сериозна, по што беше заклучено дека има повеќе фрактури на јаболчницата и на орбиталната коска. Тој ќе биде во аут најмалку три месеци, што значи дека ќе го пропушти Африканскиот куп на нации.

„Повредата на Осимен не беше обична фрактура на јаболчницата, туку и на многу други коски во лицето. Не беше повреда од удар, туку од компресија. Кинетичката енергија од притисокот направи катастрофална штета. Морав да поставан 6 плочки и 18 навртки. Операцијата беше комплексна, а состојбата беше многу лоша. Но, верувам дека операцијата беше целосно успешна“, вели Тартаро.

Scroll to Top