Top Sport

На Овен не му оди со коњите

Мајкл Овен двапати падна од коњот како дел од подготовките за своето деби во коњичките трки на славната трка Аскот овој месец.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Манчестер јунајтед, ќе учествува на трката на седум фурлонзи (околу 1.4 километри) на 24 ноември како дел од добротворната акција за собирање пари за „Принс Кантрисајд“ фондацијата.

Но, 37-годишниот Англичанец признава дека добил вистинско „спуштање на земја“, откако двапати паднал од коњот.

„Ако ништо друго, денеска дознав дека не е удобно да се падне од коњ. Посебно ако паднеш двапати“, изјави Овен.

Коњичките трки се втора страст на Овен, кој беше делумен сопственик на грлото „Браун пантер“, кое победуваше на трките на Ројал Аскот во 2011 и на Дубаи купот во 2015 година. Покрај тоа, Овен е основач и сопственик на „Мејнор хаус стејблс“, компанија за одгледување тркачки коњи, која ја постави пред 10 години.

Scroll to Top