Top Sport

На Саво Милошевиќ му е срам што е тренер на Партизан и покрај 6:2 победата!

Тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ вели дека првпат му е срам што е тренер на белградскиот клуб иако во петокот неговиот тим стигна до 6:2 победа над тимот на Јавор.

„Нормално е да ги победиме Јавор, бидејќи имама 30 пати поскап тим од нив. Но, според ниту еден спортски фактор, освен резултатот, не бевме на задоволително ниво. Првпат ми е срам што сум тренер на Партизан“, изјави лутиот Милошевиќ.

Тој очигледно беше лут откако неговиот тим прими гол веќе во втората минута од мечот, пред на полувреме да водат со 4:2. Во текот на мечот, Суба исто така промаши пенал за Партизан. Со третата последователна победа, Партизан се на второто место на табелата со 35 поени, пет помалку од лутиот ривал и актуелен шампион, Црвена звезда.

Scroll to Top