Легендата на Арсенал и на англиската репрезентација, Сол Кемпбел на социјалните мрежи им се заблагодари на своите фанови кои му посакаа среќен роденден, иако самиот не знаеше колку години има.
Англичанецот прво објави видео во кое вели дека има 43 години, и покрај тоа што фановите сметаа дека тој наполни 44 години. По ова, Кемпбел го избриша видеото и постираше ново, во кое воопшто не ја спомнува возраста.
„43 денеска! Да, Сол Кемпбел. Морав да проверам, бидејќи некои луѓе сметаа дека имам 44 поради некоја чудна причина. Не, дефинитивно имам 43. Се надевам дека сум подобар со годините, една година постар, една година поумен“, велеше Кемпбел во првото видео.
Меѓутоа, Кемпбел е роден на 18 септември 1974 година, така што денеска сигурно наполни 44 години.
sol campbell uploaded two birthday vids today. in the first, he asserts he is 43 today, despite some people thinking he’s 44, nope, definitely 43…
minutes later, he deleted this and uploaded a second with the exact same message, minus all mention of his age. wiki says he’s 44 pic.twitter.com/zzlPXRUU3M
— Stan The Golden Boy (@tristandross) September 18, 2018