Top Sport

На Тери му се допаѓа Греем Потер, но не верува дека Челси се во трката за титулата

Легендата на Челси, Џон Тери вели дека нема шанси Челси да ја освои оваа сезона, иако го пофали новиот менаџер Греем Потер, споредувајќи го со првото пристигнување на Жозе Мурињо во 2004 година.

Потер ја забележа првата победа со „сините“, откако со 2:1 триумфираа на „Селхарст парк“ против Кристал палас во саботата за да се искачат на петтото место на табелата, и ако го добијат заостанатиот меч ќе бидат на само 5 поени од лидерите Арсенал. Тери вели дека тоа не е реална цел.

„Поминаа пет гоини од нашата последна титула во Прмиерлигата. Дали тоа ќе се смени оваа сезона? Сигурно не. Можеби ќе одиме на ФА купот, Карабао купот… Ќе биде тешко. Кој е приоритетот? Тоа го знае само Греем Потер. Мислам дека е достоен за рботата во Челси посебно бидејќи тоа што го правеше во Челси беше исклучително. Кога ќе разговарате со луѓето од клубот ќе забележите дека оставил печат на фудбалерите, на луѓето со кои работел. Мислам дека помладите менаџери подобро ги разбираат фудбалерите, како што правеше Жозе кога пристигна во Челси. Мислам дека оваа сезона ќе биде најважно тактички да се подготви тимот“, вели Тери.

Scroll to Top