Top Sport

На Тухел му „одзвони“ во Париз, Алегри преговара со „Светците“?

Судирот со Нејмар, па и судир со Мбапе, тука чашата е преполнета. Кога клубот мора да се реши за тренерот или за играчите кои заедно вредат на пазарот повеќе од 300.000 евра, јасно е дека стратегот ќе ја изгуби битката.

Таква, најверојатно, е судбината на Германецот Томас Тухел на клупата на ПСЖ. Единствено што можеби може да го спаси е трофеј во Лигата на шампиони.

Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ веќе започна преговори со Масимилијано Алегри. Екс-стратегот на Јувентус, претходно и на Милан е слободен од летоска кога си отиде од клупата на „црно-белите“ од Торино.

Тогаш рече дека ќе земе една година одмор.

Главен човек за врска меѓу ПСЖ и Алегри е Леонардо, поранешниот ас на Милан и сегашен спортски директор на францускиот шампион. Бразилецот е убеден дека Алегри е вистинскиот човек кој може „Светците“ да ги однесе до самата завршница на ЛШ, нешто што двапати му успеа со „Старата дама“. Сепак, и двете финалиња ги загуби.

Scroll to Top