Top Sport

Надеж за „чудо“ на „Енфилд“! Ориги по седум минути го совлада Тер Штеген (видео)

Навивачите и фудбалерите на Ливерпул имаат право да се надеваат на чудесен кам-бек и пласман во финалето на Лигата на шампионите, откако дојдоа до рано водство против Барселона преку „џокерот“ Дивок Ориги.

Барселона пристигна во северна Англија со предност од 3:0 и како апсолутен фаворит откако во тимот на Јирген Клоп отсуствува првата ѕвезда Мохамед Салах, но по само шест минути игра, грешката на Жорди Алба беше казнета со брза акција на Робертсон, а одбиената топка во голот на смести Ориги, човекот кој во саботата ги „спасуваше“ Ливерпул против Њукасл.

Scroll to Top