Top Sport

Наџафи нуди 3.1 милијарди фунти за Тотенхем, во лондонскиот клуб сметаат дека тоа е малку

Американскиот милијардер со иранско потекло, Џам Наџафи со група инвеститори е подготвен да го преземе Тотенхем за 3.1 милијарди фунти, тврди „Финеншл тајмс“, а иако газдата Џо Луис е подготвен за продажба, во клубот сметаат дека сумата е прениска.

Наџафи, кој е претседател на компанијата „МСП спортс капитал“ би вложил 70 отсто од капиталот, додека инвеститори од Абу Даби би ги надополниле преостанатите 30 отсто. Џо Луис и претседателот на клубот Даниел Леви во 2000 купија 26 отсто од Тотенхем, за потоа да го зголемат удделот на 85.5 отсто и оттогаш изградија еден од најдобрите стадиони на светот, но навивачите остануваат фрустрирани од неуспехот на теренот.

60-годишниот Наџафи е еден од двајцата потпретседатели во Формула 1 тимот на Мекларен заедно со шеикот Мохамед Бин Еса Ал Халифа од Бахреин, а исто така е и најголем акционер во НБА клубот Финикс санс. Неговото богатство се проценува на 2.9 милијарди фунти.

Scroll to Top