Top Sport

Нагелсман: Кога ќе примиш 4 гола од Бохум, не мора да врескаш во соблекувалната

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман вели дека Бохум ја заслужи неверојатната 4:2 победа во денешниот меч од Бундеслигата и дека планот кој го имал за својот тим едноставно не се реализирал.

„Честитки до Бохум, тие денеска ја заслужија победата. Одигравме многу лошо прво полувреме. Имавме план, но планот не функционираше, така што нема да го критикувам тимот. Мроав да реагирам порано и да направам промени. Во второто полувреме беше подобро, но тогаш беше предоцна“, вели младиот тренер.

Тој, сепак, вели дека не „врескал“ во соблекувалната на полувреме.

„Кога ќе седиш во соблекувалната во Бохум на полувреме и веќе си примил четири гола, не мораш да врескаш. Секој фудбалер кој игра на ова ниво треба да е свесен дека тоа не е доволно“, вели Нагелсман.

Кошмар за Баварците во Рур! Бохум го „здроби“ Баерн Минхен!

Scroll to Top