Top Sport

Нагелсман му одговори на Мбапе, кој инсистира дека ПСЖ се фаворити

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман одговори на коментарите на Килијан Мбапе дека Пари Сен-Жермен се фаворити пред реваншот во осминафиналето на Лигата на шампиони и покрај 0:1 поразот на домашен терен.

Мбапе влезе во игра во второто полувреме на тој меч и двапати го погоди голот, но двапати ВАР системот одлчи дека е во офсајд. И покрај ова Французинот инсистираше дека патуваат во Баварија барајќи квалификација, додавајќи дека тие се фаворити.

„Мбапе вели дека тие можат да не победат ако го имаат поседот на топката и играат офанзивно. Но, ако е така тогаш и обратниот случај е вистинит. Ние сигурно не сме аутсајдери во реваншот“, вели Нагелсман.

Scroll to Top