На вчерашното доделување на „Златната топка“ во Париз, немаше контроверзи околу тоа кој ќе ја добие најпрестижната награда, која отиде во рацете на Карим Бензема, но другите „помали“ награди предизвикаа многу дискусија.
Покрај тоа што Манчестер сити беше прогласен за најдобар тим во изминатата сезона, за тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, проблематично е што „Копа трофејот“ за најдобар млад фудбалер повторно отиде во рацете на фудбалер на Барселона, откако 18-годишниот Гави го „наследи“ Педри.
„Секако, секој е пристрасен кон својот клуб и својта лига, но тоа е моето мислење. Јас би гласл поинаку – Џамал Мусијала и Џуд Белингем имааа подобра сезона од победникот. Според мене, двајцата се пред Гави. Гави е фудбалер со голем талент и наградата не е незаслужена, бидејќи има победнички менталитет“, смета тренерот на Баерн Минхен.