Новиот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман признава дека фудбалскиот пазар во Европа ова лето го шокирал и дека е многу важно УЕФА да не ја загуби контролата на работите во спортот.
По големите трансфери во Пари Сен-Жермен, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Челси, Нагелсман вели дека ги триел очите.
„Постои ризик ривалите да избегаат многу во Европа. Ги тријам очите кога ќе ги видам сумите и договорите кои беа направени. Искрено, е знам како е возможно да го прават тоа, посебно во ситуација на криза поради КОВИД-19. Се надевам дека УЕФА ги следи работите, бидејќи мораат да имаат интерес да го заддржат натпреварувањето во спортот“, вели 34-годишниот Германец.
Тој додава дека во Германија, нема големи пари за такви трансфери.
„Баерн Минхен е во подобра ситуација од другите германски клубови, но и за нас е тешко. Сепак, имаме програма со 50+1 сопствеништво, даночни обврски и нема простор за такви суми. Исто така во Германија имаме добар договор за ТВ-права, но послаб од тој во Англија, каде што е полесно да се генерираат тие средства и така да се троши“, вели Нагелсман.