Top Sport

Наинголан го раскина договорот со Интер, како слободен играч во Каљари

Раџа Наинголан и Интер взаемно се согласија да го раскинат договорот, по што Белгиецот ќе може да се приклучи на својот омилен Каљари како слободен играч.

Преговорите меѓу Наинголан и клубот се „влечкаа“ неколку месеци, откако стана јасно дека за него нема место во тимот. Тој доби понуда од турскиот Бешикташ, но бидејќи неговата сопруга е од Сардинија, а тој повеќе пати играше за Каљари, „Нинџа“ сакаше постојан трансфер во овој клуб.

„Интернационале Милано потврдува дека договорот на клубот со Раџа Наинголан е поништен со взаемна согласност“, се вели во објавата на Интер.

33-годишниот Наинголан пристигна во Интер од Рома во 2018 за 38 милиони евра и Николо Заниоло, но не успеа да направи кариера кај „нераѕурите“, одигрувајќи само 41 меч за Интер, со 7 гола и 3 асистенции.

Scroll to Top