Top Sport

Наинголан контра фановите на Милан: Доста плачете, сакате победа без удар на гол!

Фудбалерот од средниот ред на Каљари, Раџа Наинголан не се возддржа и одговори на фановите на Милан кои беа разочарани по 0:0 ремито со клубот од Сардинија на „Сан Сиро“, во меч во кој со победа можеа да обезбедат место во Лигата на шампиони.

Каљари веќе успеа да обезбеди опстанок во лигата пред мечот во неделата навечер, а и покрај големата важност, Каљари, а не Милан ги имаше најдобрите шанси на мечот.

Денеска еден навивач на Милан му прати саркастична порака на Наинголан на Твитер: „Да игравте како во неделата на секој меч одамна ќе имавте обезбедно опстанок“.

Белгиецот не се согласуваше.

„Доста еб.но плачете! Како можат да победат ако немаат удар на гол“.

Scroll to Top