Раџа Наинголан вели дека го преупредил неговиот белгиски сонародник Ромелу Лукаку да не оди во Челси, оценувајќи дека ќе станел најдобриот напаѓач на светот доколку останел во Интер.
33-годишниот Наинголан е близок пријател со Ромелу Лукаку и Дрис Мертенс од белгиската репрезентација, иако се повлече по несогласувањата со селекторот Роберто Мартинез пред неколку години.
„Му кажав на Лукаку дека беше најдобриот напаѓач на светот во Интер. Тимот и тактичкиот систем беа формирани околу него. Тој сонуваше да успее со Челси, но ова е третпат да оди таму и да заврши на ист начин. Да останеше во Интер ќе беше најдобриот напаѓач на светот четири или пет години. Постојано му го велам тоа“, вели Наинголан.
Последните шпекулации велат дека Лукаку може да се врати во Италија, но во лутиот градски ривал на Интер, Милан, доколку се оствари најавеното купување на „росонерите“ од бахреинската „Инвесткорп“ компанија.