Top Sport

Наинголан парично казнет и суспендиран

Фудбалскиот клуб Интер ја откри причината поради која е суспендиран поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан.

Наинголан, во летниот преоден рок, во Интер пристигна од Рома, поради проблемите со повредите не успеа да се наметне во досегашниот дел од сезоната. Исто така тој повторно има проблеми со дисциплината надвор од фудбалските терени.

Белгиецот го сака ноќниот живот, алкохолот и казината.

Сепак казната што му ја изрекле од клубот нема врска со коцкањето, туку со доцнењето на тренинзите.

Наинголан, минатата недела три пати задоцнил и на тој начин жестокот ја прекршил клупската дисциплина.

Поради тоа Интер го казнил својот фудбалер парично со 100.000 евра, а исто така тој нема да биде ниту во конкуренција за дербито со Наполи кое на програмата е в среда на 26.јануари.

Scroll to Top