Раџа Наинголан открива дека отфрлил можност за трансфер во Челси, само бидејќи не може да ја напушти италијанската престолнина.
Белгиецот живее во Рим од потпишувањето за Рома во 2014 година, прво на заем од Калјари и оттогаш има 189 настапи за „волчицата“, а лани беше прогласен за играч на годината. „Сините“ сакале да откупат Наинголан летото 2016 година, кога Конте пристигна од Јувентус, но Наинголан не би сакал ваков трансфер.
„Можев да отидам во Челси или некој друг клуб, но кога имаш 28 години да почнуваш да живееш во нова култура и нов животен стил нема смисла. Сакам да останам таму каде што се чувствувам добро. Можев да заминам во други клубови и да добијам повисока плата, но првата цел ми е да живеам добро. Треба да бидеш среќен таму каде што играш, а моето семејство е среќно во Рим. Има многу добри ресторани, места за шопинг, клубот ме цени, навивачите ме сакаат и добивам почит. Тоа е најдоброто што можеш да го добиеш како фудбалер“, вели Наинголан.