Раџа Наинголан е доказ дека не баш сите знаат на вистински начин да ја пречекаат Новата година.
Белгискиот репрезентативец на својот профил на „Инстаграм“ постави видео од пречекот на Новата 2018 година.
Наинголан во видеото се преставува на начин на кој не е примерен за фудбалска ѕвезда. Белгиецот во видеото кажува вулгарни зборови, пие и пуши.
Кога од клубот стигнаа негативни реакции тој го избриша видеото од инстаграм-профилот, но секако дека клубот ќе му изрече дисциплинска санкција.
„Жалам поради сѐ што се случи синоќа. Знаете, сакам убаво да си поминам со моите пријатели кога ја прославувам Нова година. Сепак, синоќа отидов предалеку. Забележав дека тоа е вечер кога можеш да претераш. Секако дека со однесувањето не сакав да дадам негативен пример и поради тоа чувствувам потреба да се извинам за зборовите што ги кажав и поради однесувањето“, напишал играчот на Рома.