Раџа Наинголан вели дека го остава својот „бурен“ приватен живот зад него со помош на Интер и ветува дека деновите на постојани забави се зад него.
Поранешниот фудбалер на Рома, конечно, почна да покажува дел од својата стара форма со прва асистенција оваа сезона, поставувајќи го голот на Лаутаро Мартинез против Парма во саботата.
„Го давам мојот максимум. Сезоната почна лошо за мене, бидејќи во ниту еден момент не бев 100 отсто подготвен. Имав проблеми кои немаа врска со фудбалот, но заедно со клубот направивме пакт и одиме заедно. Деталите ќе останат во соблекувалната. Знам дека направив грешки и дека не се покажав најдобро, но сега сакам да им вратам на Интер за довербата“, вели Наинголан.
Белгиецот во минатото беше критикуван за бурниот ноќен живот, пиењето алкохол, пушењето цигари и посетите на казиното, нешто што го чинеше и место во белгиската репрезентација, но сега ветува дека ќе биде попрофесионален.
„На 30 години морав да сменам некои работи на лично ниво. Сакам да најдам мир надвор од теренот, за тоа да се покаже во фудбалот. Во мојата кариера досега немав проблеми со тоа, но сега почна да ми пречи на физичката подготвеност“, додава Наинголан.
Фото: ЕПА
Неспортскиот животен стил му пресуди, Наинголан нема да игра на СП
Наинголан: Поважно е да се чувствуваш добро, отколку да земаш многу пари