Фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан, повторно е повикан во националниот тим на Белгија. Наиголан ќе конкурира за место во тимот за пријателските натпревар кои Белгија ќе ги одигра против Мексико, односно Јужна Кореја.
Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез го повика Наинголан во репрезентацијата по пауза од осум месеци. Во март годинава Мартинез го отстрани Наинголан од тимот поради неспортскиот начин на живот.
Повикот играчот на Рома го заслужи со одличните изданија во римскиот тим од почетокот на сезоната.
Наинголан за Белгија има одиграно 29 натпревари, на кои шест пати бил стрелец.
Белгија ќе игра против Мексико на 10 ноември, а четири дена подоцна ќе се сретне со Јужна Кореја.