Италијанскиот весник „Ла Република“ денес излезе со информација дека вториот најбогат човек во светот, сопственикот на „Луј Витон“, Бернар Арно имал намера да го купи фудбалскиот клуб Милан.
Богатството на Арно е проценето на 97 милијарди евра. „Ла Република“ излегоа со тврдења дека Арно за тренер ќе го поставел Масимилијано Алегри.
Арно се огласи на „Инстраграм“ за да ги демантира пишувањата на „Ла Република“.
„Драги навивачи на Милан,
Ја пишувам оваа порака за да ги прекина шпекулациите дека имам интерес да го купам Милан. Многу ве почитувам и вас и вашиот клуб.
Не знам од каде излегоа гласините дека сакам да го купам клубот, тие немаат врска со вистината. Во посакувам се најдобро во сезоните кои ви претстојат“, напишал Арно.
View this post on Instagram