Top Sport

Најчудниот пријателски меч – Стоук изгуби од Дуизбург и покрај тоа што беше 3:3!

Во Дуизбург се одигра можеби најчудниот пријателски меч во историјата – Дуизбург и англискиот Стоук сити одиграа 1:1 во регуларниот дел, по што неочекувано се изведуваа пенали.

Тренерот Нејтан Џонс вели дека не бил информиран дека ќе има пенали и затоа реши да го постави голманот Џек Батланд да ги шутира сите три обиди. Откако тој ги постигна сите три гола, исто како противникот, мечот беше прекинат и Дуизбург беа прогласени за победници!

„Пеналите беа новост и за мене. Не знаевме што да правиме, а имавме и авион за фаќање. Ќе се подготвевме подобро да знаевме“, изјави Џонс.

Scroll to Top