Top Sport

Најдобриот англиски судија се изрезили на натпреварот во Киев

Гафот на еден од најдобрите англиски судии, Ентони Тејлор, го обележа натпреварот помеѓу Динамо Киев и Бенфика.

Англичанецот во 81.минута му го покажа вториот жолт картон на Денис Гармаш од Динамо. Откако домашните фудбалери жестоко протестира, на Тејлор му станало јасно дека играчот претходно немал јавна опомена и го повлекол црвениот картон.

Тејлор потоа во 93.минута, по интервенцијата од ВАР собата, оправдано им поништи гол на домашните фудбалери.

Од судењето на Тејлор, има незадоволство во таборот на двата тима, убедени се дека англискиот судија ги оштетил за по еден пенал.

Scroll to Top