Top Sport

Најдобриот играч го напушти Шкупи

Најдобриот играч на Шкупи Реналдо Цефас кариерата ќе ја продолжи во Турција. Клубот потврди дека фудбалерот од Јамајка се сели во Анкарагучу.

Цефас во Шкупи пристигна во 2022 година, Одигра одлично минатата сезона, а во добра форма влезе и во новата, но не успеа да му помгне на тимот да го мине Левски во второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Шкупи утре, против Работнички, ќе ја започне новата сезона во домашното првенство.

Scroll to Top