Најдобриот шести играч во историјата на НБА лигата, Џамал Крафорд, објави крај на кариерата.
Препознатлив по својот „корсовер“ дриблинг, кошаркарот кој играл во девет тима (Чикаго, Њујорк, ЛА Клиперс, Атланта, Минесота, Финикс, Портланд, Голден стејт и Бруклин), о кариерата три пати бил прогласуван за најдобра шести играч во НБА лигата.
Само тој и Лу Вилијамс можат да се пофалат со ваков подвиг.
Во НБА лигата одиграл 1.327 натпревари, во само 433 бил стартер. Кариерата ја заврши со просек до 14,6 поени, 3,4 асистенции и 2,2 скока.
Најдобриот меч во кариерата го одиграл на 39-годишна возраст. Како играч на Финикс, против Далас постигнал 51 поен.
Остварување кое му овозможи место во аналите на НБА лигата. Само Крафорд како резерва успеал да постигна 50 или повеќе поени на еден натпревар.