Светското првенство во Русија ќе донесе многу најдобри тимови. Најдобри 11, најдобри дефанзивци, најдобри напаѓачи… Но, засега најдобра „единаесетка“ има руското издание на магазинот „Плејбој“.
„Како што е традицијата, ’Плејбој’ реши да го испочитува фудбалскиот дух и да направи состав од храбри, спортски и жешки девојки“, пишува на Инстаграм страницата на магазинот.
Фото-сесијата е направена на стадионот на Спартак во Москва, каде што се одигруваат натпревари од Мундијалот.