Легендата на Атлетико Мадрид Фернандо Торес минатото лето ја заврши кариерата. Поранешниот фудбалер на Атлетико, Ливерпул, Челси, Милан и Саган Тосу се пензионира по 18 професионални сезони.
Торес за официјалната интернет-страница на Челси одработел интервју во кое ги одбрал најдобрите 11 фудбалери кои му биле соиграчи.
Имал дилема околу голманот Петр Чех или Пеп Реина, на крајот се решил за сонародникот Реина со кого играше во Ливерпул.
Во одбраната се тројца од Челси: Бане Ивановиќ, Џон Тери и Ешли Кол и еден играч на Ливерпул Сами Хипија.
Во редот за врска ги ставил Стивен Џерард, Френк Лампард и Чаби Алонсо, а малку изненади со изборот на напаѓачите, не со Дидие Дрогба туку со Дирк Кајт и Јуси Бенајун.