Микел Артета планира да направи целосен ремонт во тимот на Арсенал во летниот преоден рок. Прв чекор на Шпанецот ќе биде да се ослободи од играчите кои имаат највисоки плати.
Ова значи дека Артета ќе ги ослободи од обврските Месут Езил, Пјер-Емерик Обамејанг и Александар Лаказет.
За Езил наредната сезона ќе биде последна од актуелниот договор, додека напаѓачите Лаказет и Обамејанг не кријат дека сакаат да заминат.
Заминувањето на овие тројца играчи значително ќе го намали буџетот за плати во Арсенал.
Медиумите шпекулираат дека Артета добил „зелено светло“ да започне со ремонтот.
Според англиските новинари Артета ќе се обиде да донесе двајца играчи на Лајпциг, Упамекано и Нкунку, а се споменува и 19 годишникот од Феенорд Кокчу.