Top Sport

Најдобрите во светот според Нејмар

Најскапиот играч во светот на фудбалот, Нејмар, открил кои петмина се најдобри во светот. Во изборот Нејмар немал право да се избере себе си.

Интересно во изборот н Нејмар нема ниту еден соиграч од репрезентацијата на Бразил, а го нема ниту Кристијано Роналдо.

Број 1 според Нејмар е Лионел Меси, а на второто место е уште еден неговиот поранешен соиграч и добар пријател, Луис Суарез.

Меѓу најдобрите за Бразилецот се и Пол Погба од Манчестер Јунајтед, соиграчот од ПСЖ Килијан Мбапе и Еден Азар од Реал Мадрид.

Scroll to Top