Тренерот на холандскиот второлигаш Камбур, Хенк де Јонг остро ја нападна Кралската холандска фудбалска федерација (КНВБ) за одлуката да не им дозволи влез во првата лига и покрај тоа што тие имаа 11 поени предност пред најблискиот ривал, нарекувајќи го потегот „најголема срамота во холандскиот спорт“.
КНВБ ја прекина сезоната по одлуката на премиерот Марк Руте да ги забрани мечевите до 1 септември, и реши да не ја додели титулата на Ајакс, но и да нема испаѓање и влегување меѓу првите две лиги. Камбур имаа 4 поени поени предност пред второпласираните Де Графшап и 11 поени пред третопласираните Волендам, а првите два тима автоматски влегуваа во Ередивизие.
„Ова е најголемата срамота на холандскиот спорт. Секогаш сакам да го гледам најдоброто кај луѓето кои носат одлуки, но ова е безвредна одлука. Ја имавме УЕФА на нашата страна, клубовите на нашата страна и предност од 11 поени, така што не ми јасно како ова може да се случи. Зарем е фер?“, вели Де Јонг.
КНВБ ја отфрли можноста Ередивизие следната сезона да има 20 клуба.
„Ние сме лидери од средината на октомври. Немам проблем АДО Ден Хаг и РКЦ Валвајк да останат во Ередивизие, но не е фер кон нас. Голем удар за нас, спортски и финансиски“, додава Де Јонг.
Холанѓаните одлучија да нема шампион, Ајакс и АЗ Алкмар „извисија“