На последниот ден од преодниот рок во Англија, второлигашот Нотингем Форест се обидел да го доведе во своите редови полскиот фудбалер, Камил Гросицки (32) од Вест Бромвич Албион, но трансферот пропаднал за помалку од пола минута.
Полскиот репрезентативец со месеци посакувал да го напушти ВБА иако клубот влезе во Премиерлигата, но плановите за
Полјакот биле тој да е резерва. Гросицки сакал да оди во клуб каде константно ќе настапува.
Тој се договорил со „шумарите“ за речиси исти пари како и во ВБА, но преговорите се одложиле и дошло до компликација.
Договорот бил потпишан во петок во 17.59 минути, неколку секунди пред истекот на рокот, но регистрациската комисија на ФА на Англија не го потврдила трансферот.
Наводно, документите задоцниле само 21 секунда, па работата пропаднала.
Од Нотингем ќе вложат жалба.