Top Sport

„Најк“ се предаде: Кутињо подготвен да го запали „Ноу Камп“!

Барселона очигледно има сè подготвено за Филип Кутињо да пристигне во Каталонија, откако нивниот партнер „Најк“ го потврди трансферот на Бразилецот во саботата навечер на својот веб-сајт, за веднаш потоа да ја избрише пораката.

„Филип Кутињо е подготвен да го запали ’Камп Ноу’. Набавете си го вашиот дрес на Барселона за 2017/18 со името на ’магионичарот’ на него. Бесплатна персонализација до 6 јануари“, стоеше на веб-сајтот на онлајн продавницата на „Најк“.

Американската компанија потоа ја избриша страницата и останува да се види дали се работело за ненамерна грешка или за хакерски напад.

Кутињо е долорочна желба на Каталонците, кои понудија 115 милиони фунти во текот на летото за Бразилецот, но Ливерпул ја одби понудата, иако се верува дека и во јануари ќе следува нов обид. Покрај Барселона, за Кутињо се заинтересирани и Пари Сен-Жермен, а сега неочекувано се појавија шпекулации дека и Манчестер јунајтед се подготвени да дадат големи пари. Останува да се види што од ова ќе се случи.

Scroll to Top