Трент Александер-Арнолд, десниот бек на Ливерпул, синоќа на „Сент Мери“ стадионот, во Саутемптон, го одигра најлошиот меч во својата кариера.
Арнолд направи грешка во втората минута, со својата лоша реакција му овозможи на Дани Ингс да го постигне единствениот гол на натпреварот. На теренот мина 78.минути, во тој период имал неверојатни 38 погрешни додавања.
Ова е негативен рекорд во досегашниот тек од сезоната во Премиер лигата.
Неговата игра англиските медиуми ја оцениле со 4,4, што е најлоша оценка на еден фудбалер од стартот на првенството.