Top Sport

Најлоши засилувања во Ла Лига – Јовиќ, па Азар и Гризман

Напаѓачот на Реал Мадрид Лука Јовиќ е прогласен за најлошо засилување во анкетата што ја проведе порталот на најчитаниот спортски весник во Шпанија, „марка“.

Јовиќ кој минатото лето за сума од 60 милиони евра на „Сантијаго Бернабеу“ се пресели до Ајнтрахт во нактетата освоил 30 отсто од гласовите. Јовиќ постигна само два гола оваа сезона за Реал, а ги окупираше шпанските медиуми со глупостите што ги правеше надвор од фудбалските терени.

Зад Јовиќ второто место го поделија неговиот соиграч Еден Азар и Антоан Гризман. Овие двајца освоија по 19 отсто од гласовите.

Реал платија 100 милини евра за Азар, меѓутоа Белгиецот имаше големи проблеми со прекумерната тежина и повредите. Пред неколку дена самиот изјави дека оваа сезона му е најлоша во кариерата.

Гризман за кого Барселона на Алетико му платија 120 милиони евра, не успеа да вклопи во новиот тим, постигна само девет гола оваа сезона во Ла Лига.

Scroll to Top